понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дилер приведен додека одел да продаде марихуана

Дилер приведен додека одел да продаде марихуана

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(32) од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување  употреба на наркотични дроги“.

При контрола во патничко возило што пријавениот го управувал на локален пат во селото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана што сакал да му ја продаде на А.А. од Октиси.

При претрес во домот на пријавениот, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е ќеса со марихуана.