вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЦЕЦА ЦЕЛА ВО ЦРНО – еве како изгледа пејачката откако нејзината ќерка Анастасија го загуби бебето, првпат се појави криејќи го лицето со овој детаљ! (ФОТО)

ЦЕЦА ЦЕЛА ВО ЦРНО – еве како изгледа пејачката откако нејзината ќерка Анастасија го загуби бебето, првпат се појави криејќи го лицето со овој детаљ! (ФОТО)

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го загуби своето бебе, а тажната вест ја сподели со јавноста нејзиниот партнер, Немања Гудељ и замоли за приватност.

„Со вас споделивме добри вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша фудбалерот на Севиља на социјалните мрежи.

Тажната вест го погодила целото семејство и блиските пријатели на двајцата, а нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска дојде во црно на снимањето на „Ѕвездите на гранд“.

Обезбедувањето ја испрати пејачката од автомобилот до влезот на студиото каде набрзо започна и снимањето.

Цеца на себе инаку имаше големи црни очила за сонце со што го прикри лицето и очите како не би се виделе нејзините подочњаци доколку ги има и уморот на себе по стресниот период во животот.

И покрај тажните моменти во нејзиниот живот таа професионално реши да ги исполнува музичките обврски.

Foto: Antonio Ahel/ATAImages

TELEGRAF.RS

Најнови вести