среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Серџо Скариоло седнува на клупата на Торонто Репторс?

Серџо Скариоло седнува на клупата на Торонто Репторс?

Најверојатно привршува многу успешниот престој на Серџо Скариоло во Виртус од Болоња. Различни опции се на маса за италијанскиот тренер, а една доаѓа од најсилната кошаркарска лига на светот.

Според „Газета дело спорт“, Скариоло наводно е еден од тројцата кандидати за нов тренер на Торонто Репторс. Селекторот на Шпанија веќе работеше во Торонто од 2018 до 2021 година како помошен тренер и ја понесе титулата со Репторси.

Скариоло го освои Еврокупот со Виртус, а ја извршува и функцијата селектор на Шпанија, со која има четири европски и едно светско злато, олимписко сребро и бронза, како и европска бронза.