среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Училиштето во Белград во кое се случи масакрот ќе добие меморијален дел

Училиштето во Белград во кое се случи масакрот ќе добие меморијален дел

Основното училиште „Владислав Рибникар“ каде на 3 мај се случи масовното убиство, останува училиште и добива меморијален дел, потврдија од српската Владата.

– Нашиот образовен систем е создаден со цел да обезбеди соодветна поддршка на сите ученици, да ги охрабри на патот кон учењето и да им овозможи да прераснат во здрави, свесни и одговорни личности. Во овој момент, поважно од кога било е да се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца, бидејќи тие ја заслужуваат нашата целосна поддршка, љубов и грижа. Имајќи го предвид ова, Владата на Република Србија, поради трагедиите кои длабоко го погодија целото општество, донесе одлука учебната година да ја заврши на 6 јуни во сите основни и средни училишта во Србија, соопштија од Владата.

Основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште. Ќе се реконструира и во текот на реконструкцијата ќе се изгради меморијален дел во спомен на децата и училишниот чувар, кои секојдневно покажуваа исклучителност во тоа училиште.

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетниот.

На 3-ти мај во ОУ „Владислав Рибникар“ се случи масовно убиство кога К.К. (13) уби девет ученици и училишен чувар.