МЗТ Скопје Аеродром лавеше и во третиот натпревар од финалната серија во Првата македонска машка кошаркарска лига.
Играчите на Васко Атанасов во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го совладаа Пелистер со резултат 83:92 за конечни 3:0 во финалната серија и до нов пехар во нивната историја.
Во победничките редови доминираше В. Стојановски со 33 поени, следен од Американецот Д. Вер со 16.
На спротивната страна Американецот Д. Карутерс запиша 18 поени, додека А. Маслинко имаше 15 поени.