вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање на брегот на Дебарско езеро, пронајдени 12 чаури пиштолска муниција- приведени 3 лица

Пукање на брегот на Дебарско езеро, пронајдени 12 чаури пиштолска муниција- приведени 3 лица

На 03.06.2023 на брегот на Дебарското езеро, полициски службеници од ОВР Дебар ги привеле А.Р.(43), С.Ф.(27) и Д.А.(29), сите од Дебар.

Тие се сомничат дека го нарушиле јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје. Во нивна близина, во објект во изградба, биле пронајдени 12 чаури калибар 7,62 милиметри пиштолска муниција.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.