вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж фрлил марихуана, полицијата ја најде – тој доби кривична пријава

Маж фрлил марихуана, полицијата ја најде – тој доби кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.И.(39) од село Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

На 22.12.2022 во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот како од патничко возило исфрлил пакување со марихуана, која набргу била пронајдена и одземена.