сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Екс-тренерот на ПСЖ пред портите на „Диего Армандо Марадона“

Екс-тренерот на ПСЖ пред портите на „Диего Армандо Марадона“

Зад Наполи е историска сезона во која клубот од југот на Италија стана шампион само третпат во својата историја и дури 33 години по последната титула во ерата на Диего Марадона. Лучијано Спалети, и покрај историскиот успех го напушти клубот и Наполи веќе е во потрага по нов кормилар.

Прв кандидат за негов наследник е Кристоф Галтие, францускиот тренер кој неодамна доби отказ од клупата на ПСЖ и покрај освоената титула. Галтие во својата кариера беше на чело на Сент Етјен, кој го предводеше од седумнаесеттото до четврто место, потоа со Лил ја освои титулата пред две години и стави крај на доминацијата на ПСЖ, а пред да се пресели во Париз го водеше уште и тимот на Нант.

Заминувањето во Неапол би било негов прв ангажман во странство, а таму би можел да му се придружи и стар познаник.

Станува збор за Фаузи Гулам, кој би можел да ја заврши играчката кариерата и да му се приклучи на Галтие, кого го познава од Сент Етјен. Оттаму Гулам замина во Наполи, каде помина осум години и стана миленик на навивачите.