вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јокиќ за Партизан бил дебел, Ц. Звезда не му верувала, а за Будуќност не бил доволно добар

Јокиќ за Партизан бил дебел, Ц. Звезда не му верувала, а за Будуќност не бил доволно добар

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги импресионира сите со неговите настапи за Денвер нагетс оваа сезона, откако го предводеше тимот до првата титула во НБА-лигата.

Интересно е тоа што Јокиќ на балканските тимови не им бил доволно добар во минатото, меѓутоа Србинот им докажа дека направиле голема грешка.

„Можат сега да измислат што сакаат, но ќе бидам искрен. Едноставно, не го забележав. Знам дека луѓето кои работат како скаути во Партизан ми кажаа дека е дебел и не се исплати да го ангажираме. Сега ми е жал поради тоа“, вели Душко Вујошевиќ.

Во Будуќност не забележале ништо посебно во Јокиќ, иако им бил понуден, додека Црвена Звезда не била заинтересирана и не верувала дека може да стане добар кошаркар.

Доколку го ангажирале во минатото, можеби кариерата на Јокиќ ќе имаше поинаков пат, меѓутоа сомнежот на балканските екипи го „вивна“ српскиот кошаркар до тронот во најсилната кошаркарска лига.