сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Руди Гарсија нов тренер на Наполи

Руди Гарсија нов тренер на Наполи

Се шпекулираше со неколку имиња, на крајот Де Лаурентис се реши за Руди Гарсија кој ќе биде тренер на новиот италијански шампион.

„Аурелио Де Лаурентис со задоволство може да соопшти дека Руди Гарсија е нов тренер на Наполи“, стои во клупското соопштение.

За Руди Гарсија ова е второ искуство во Серија А, тој од 2013 до 2016 година беше тренер на Рома.