вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шпанија во 88. минута ја победи Италија и закажа финале со Хрватска (ВИДЕО)

Шпанија во 88. минута ја победи Италија и закажа финале со Хрватска (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шпанија се пласираа во финалето на Лигата на нации откако синоќа ја совладаа Италија со 2:1, а победничкиот гол го постигна играчот кој Реал Мадрид сака да го доведе во своите редови – Хоселу.

Шпанија го отвори резултатот уште во 3. минута откако Јереми го матиираше голманот на Италија. Голот оди на душа на ветеранот Леонардо Бонучи кој ја загуби топката пред својот шестнаесетник.

Сепак, само седум минути подоцна „Аѕурите“ се вратија во игра кога Чиро Имобиле реализираше удар од белата точка за 1:1, откако Робин Ле Норман играше со рака.

Кога се очекуваше натпреварот да заврши нерешено и повторно да се играат продолженија, како што беше случајот на дуелот меѓу Холандија и Хрватска, Шпанија повторно поведе на две минути пред крајот.

Стрелец беше замената Хоселу, кој имаше голема среќа откако топката се одби директно од неговата нога по ударот на Родриго. Најпрво се чинеше дека мора да се работи за недозволена офсајд позиција, но забавеното видео покажа дека Ачерби не се извлекол на време откако претходно тој ја расчисти опасноста.

Хоселу (33) е единствениот играч на кој Реал Мадрид во моментов размислува како засилување во нападот, откако за Каи Хаверц одбија да платат повеќе од 50 милиони евра и не им се допаѓа опцијата да платат повеќе од 100 милиони евра за Хари Кејн.

Напаѓачот на Еспањол, репрезентативец на Шпанија и најдобар шпански стрелец во последната сезона од Ла Лига постигна 16 голови.

Шпанија во финалето на Лигата на нации ќе игра против Хрватска, а овој дуел е закажан за в недела од 20:45 часот. Претходно во текот на истиот ден Италија и Холандија ќе одиграат натпревар за утешното трето место.