На 22.06.2023 во 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, патничко возило „киа“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувала Е.К.(60) од Струга, удрило во велосипед, управуван од С.И.(76) од Охрид.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.