петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кевин Де Брујне ќе го пропушти стартот на новата сезона

Кевин Де Брујне ќе го пропушти стартот на новата сезона

Манчестер Сити на стартот на новата сезона ќе мора да тргне без еден од најдобрите во тимот, Кевин де Брујне откако Белгиецот се повреди во финалето на фудбалската Лига на шампиони, кое неговиот тим подоцна го доби со 1-0.

Според информациите, Де Брујне ја скина тетивата на ногата во Истанбул и повредата е од посериозна природа, меѓутоа одличниот офанзивен играч за врска има среќа и не мора да оди на операција но ќе го пропушти почетокот на сезоната.

Сити стартува на шести август во Комјунити шилд финалето против Арсенал, а пет дена подоцна е дуелот со Барнли.

Де Брујне ќе пропушти барем неколку натпревари, целта е да биде подготвен за европскиот Суперкуп во Атина на 16 август.