сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за тешката сообраќајка на „Првомајска“, двајца повредени

Детали за тешката сообраќајка на „Првомајска“, двајца повредени

Двајца возачи се повредени, од кои едниот со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Трајко Иванов“.

Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“, управуван од И.М.(26) од Скопје и товарно возило „там“, управувано од Ј.А.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.