среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

На 28.06.2023 во 09.40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(26) од с.Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н.Г.(41) од с.Градец и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч.З.(28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „голф“ Г.И.(50) од с.Боговиње, а други четири лица од возилата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.