понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косово прогласи две српски здруженија за терористички организации

Косово прогласи две српски здруженија за терористички организации

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља денеска изјави дека Приштина ја координирала одлуката за прогласување на организациите Цивилна одбрана и Северната бригада за терористички организации со меѓународните партнери.

„Ние континуирано се координираме со сите наши сојузници, понекогаш се согласуваме, а понекогаш не се согласуваме. Без сомнение, координирани сме за овој чекор“, рече Свечља по седницата на владата во Приштина и додаде дека со текот на времето ќе ги сподели деталите за овој процес.

Свечља додаде дека одлуката ќе стапи на сила веднаш и дека со неа се забрануваат активностите на тие групи.

Претходно денеска Владата на Косово ги прогласи за терористички организации Граѓанската одбрана и Северната бригада, а премиерот Аљбин Курти изјави дека овие организации претставуваат, како што наведе, „сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок“ на Косово.