вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка и двајца возачи повредени во сообраќајка во Зелениково

Малолетничка и двајца возачи повредени во сообраќајка во Зелениково
илустрација

На 29.06.2023 во 17.45 часот било пријавено дека во с.Зелениково-скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(50) од с.Страхојадица и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(37) од с.Зелениково.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.