недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Роналдо веќе го запиша првенецот за Јувентус: Кристијано ја почести Георгина и себе после натпреварот (ФОТО)

Роналдо веќе го запиша првенецот за Јувентус: Кристијано ја почести Георгина и себе после натпреварот (ФОТО)

Не му требаше долго време на Кристијано Роналдо за прв пат да ја затресе мрежата на противник во дресот на Јувентус.

Иако Португалецот тоа го направи на тренинг натпревар против вториот тим на клубот од Торино, но сепак најави дека ќе има одлична сезона.

Роналдо заедно со големиот број првотимци заигра против вториот тим на Јувентус, поточно тимот под 23 години, кој се натпреварува во третата италијанска лига.

Роналдо на терен излезе заедно со Дибала, Квадрадо, Даглас Коста, Бонучи, Бентанкур…

По завршувањето на мечот, Роналдо ја честеше својата девојка Георгина Родригез со одење во шопинг во Милано.

-Добро вечер со мојата љубов, напиша Георгина на Твитер.

Роналдо после еден ден пауза продолжува со тренинзите од утре. Во среда екипата се враќа од американската турнеја, а комплетниот тим ќе биде заедно во петок, кога доаѓа и Блез Матуиди.

Најнови вести