недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шпанија е светски првак за кошаркари до 19 години

Шпанија е светски првак за кошаркари до 19 години

Репрезентацијата на Шпанија е светски првак за кошаркари до 19 години. Во финалето, младите Шпанци ја совладаа Франција со 73-69 и тоа по продолжение од пет минути.

За Шпанија ова е прва светска јуниорска титула после пауза од 24 години, додека Франција ќе почека друга прилика за прво злато во оваа категорија.

Третото место им припадна Турците кои во битката за бронза беа подобри од САД со 84-70.