вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Променливо време, од пладне локално невреме со пороен дожд

Променливо време, од пладне локално невреме со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. UV=7

Во Скопје, информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Најнови вести