недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица се повредени, излетале од коловоз во Скопје

Четири лица се повредени, излетале од коловоз во Скопје
илустрација

На 09.07.2023 околу 05:40 часот во Скопје, на бул.„Борис Трајковски“ пред крстосница со бул.„11 Октомври“ и ул.„Крушевска Република“, патничко возило „ фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(21) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот П.П. се здобил со телесни, а сопатничката А.Т.(18) со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобиле и сопатниците Б.С.(21) и М.С.(19), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.