Грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос продолжува со трансфер-офанзивата и создава моќен тим за новата сезона во Евролигата.
Официјално грчкиот тим го потврди преминот на Јанис Папапетру во „зелениот“ дел од Атина.
Папапетру е втор кошаркар на Партизан кој летово преминува во Панатинаикос, по Матијас Лесор кој пред нешто помалку од еден месец се пресели во Атина. ПАО изврши силна офанзива на трансфер-пазарот, а неодамна предизвика и вистински „земјотрес“ со доведувањето на Костас Слукас.