петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Панатинаикос договори поранешен плејмејкер на Лејкерс и Мајами

Панатинаикос договори поранешен плејмејкер на Лејкерс и Мајами

Грчкиот великан Панатинаикос направи големи промени во играчкиот кадар во текот на летото, состави нова екипа која е предводена од турскиот стратег Ергин Атаман.

Меѓутоа по се изгледа се уште нешто недостасува затоа што „детелинките“ носат уште едно име во своите редови, поранешниот плејмејкер на Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс, Кендрик Нан.

Нант се поврзуваше и со други европски тимови во измиантиве месеци како Олимпијакос, Партизан…но на крајот тој ќе го носи дресот на Панатинаикос.

Најдобрата негова сезона во НБА беше онаа дебитанската кога имаше учинок од 15,3 поени, 2,7 скока и 3,3 асистенции по натпревар.

Во минатата настапувајќи за Лејкерс и Вашингтон имаше просек од 7,1 поен, 1,6 скока и 1,3 асистенции.