петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Панатинаикос го договори шпанскиот репрезентативец

Панатинаикос го договори шпанскиот репрезентативец

Грчки Панатинаикос откако го доведе тренерот Ергин Атаман го промени скоро целиот состав, ангажираше проверени и докажани засилувања, а најновата аквизиција е Хуанчо Ернангомес.

Ернангомес во изминативе седум години настапуваше во НБА лигата и тоа во Денвер Нагетс, Минесота Тимбервулвс, Бостон Селтикс, Сан Антонио Спарс, Јута Џез и Торонто Репторс.

Неговото име се поврзуваше со трансфер во Барселона каде можеше да се спои со неговиот брат Вили, ама се случи друго сценарио за кое можеби е виновен неговиот агент Игор Креспо, човек кој го претставува Никола Миротиќ, човек со кој шпанскиот шампион не успеа да најде заеднички јазик за прекин на соработката и сега сметките ќе мора да се расчистуваат пред судските органи.

Хуанчо ќе зарбаотува 4,5 милиони евра за две години.„Детелинките“ досега ги обезбедија потписите и на Адетокумбо, Гајл, Грент, Слукас, Папапетру, Митоглу, Лесор, Вилдоза и Мораитис.