среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил

Пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил

На 12.07.2023 на регионалниот пат Тетово – Јажинце, пред влезот за тетовско Одри, патничко возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 37-годишната Х.Р.Б. од тетовски Порој, удрило во пешакот Ш.Ќ.(33) од Одри, информира МВР.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.