недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во Скопје
илустрација

На 13.07.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Перо Наков“ и ул.„Боривое Милошевиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од Ѓ.И.(28) од Скопје и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.С.(45) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.