Барселона продолжува со засилувањата за следната сезона и денес официјално го објави трансферот на Дарио Бризуела, кој доаѓа од редовите на Уникаха Малага.
28-годишниот бек-шутер се обврза на тригодишна соработка со каталонскиот гигант, а неговиот доскорашен клуб ќе добие отштета од 1,2 милиони евра.
Бризуела во Уникаха ги мина последните четири сезони, а претходно уште настапуваше и за Естудијантес. Минатата сезона бележеше просек од 9,6 поени и 2,3 асистенции по натпревар.