четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никита Курбанов доби нов договор од ЦСКА Москва

Никита Курбанов доби нов договор од ЦСКА Москва

Рускиот кошаркар Никита Курбанов го продолжи договорот со ЦСКА Москва на уште една година, соопшти на својата официјална страница рускиот клуб.

Крилниот кошаркар го држи рекордот по бројот на сезони поминати во ЦСКА (15), а сопственик е и на рекордот по бројот на одиграни натпревари во дресот на московскиот тим (728).

Курбанов е капитен на ЦСКА, а со овој клуб трипати ја освојуваше титулата во Евролигата. Покрај за ЦСКА, 36-годишниот играч играше и за Уникс од Казан, Спартак од Санкт Петербург и Локомотив Кубан.

Искусниот кошаркар и следната сезона ќе му се стави на располагање на нашиот тренер на „армејците“ Емил Рајковиќ. Руските клубови се суспендирани од европските натпреварувања од почетокот на војната во Украина.