вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан доби нов напаѓач

Милан доби нов напаѓач

Фудбалскиот клуб Милан од ден на ден го засилува својот тим за следната сезона.

По донесените играчи во одбранбената линија и средниот ред, на ред дојде напаѓачка позиција. За таа позиција, Росонерите го избраа поранешниот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор.

Милан за овој трансфер на Салцбург ќе му плати 14 милиони евра, а Окафор ќе потпише договор до 2028 година.

Се чини дека е добар потег на Милан, бидејќи нападот им е горечка позиција, со оглед на тоа што Жиру има 36 години, а Ориги би можел да го напушти клубот.