вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн настрада од М. Сити и на пријателска средба! (ВИДЕО)

Баерн настрада од М. Сити и на пријателска средба! (ВИДЕО)

Како елиминацијата од четвртфиналето во Лигата на шампионите да не беше доста, Баерн Минхен уште еднаш загуби од Манчестер сити, овој пат на пријателски меч во Токио, како дел од нивната азиска, подготвителна турнеа.

„Граѓаните“ славеа со 2-1 во натпревар кој го почнаа со Матео Ковачиќ во првите 11, но без Кевин Де Брујне и Ерлинг Халанд. Резултатот го освои 20-годишниот производ на школата на Сити, Џејмс Мекати, во 21. минута, а водството стоеше без да биде променето уште точно 60 минути.

По многубројните замени и на двете страни, Матис Тел изедначи на 1-1, но Емерик Лапорт ја донесе победата во 86. минута. Ова беше прв вистински тест за Баерн во претсезонскиот период, а следно ќе се провери во дуелот со домашниот тим Кавасаки, в сабота. Сити, пак, откако славеше со 5-3 против Јокохама, в недела ќе игра против Атлетико Мадрид.