Македонските кошаркарски репрезентативци Дамјан и Војдан Стојановски ќе го носат дресот на МЗТ Скопје и во натпреварувачка сезона 2023/2024.
Дамјан веќе долго време е дел од тимот од Аеродром и е симбол на клубот, капитен без кој не може да се замисли екипата.
Тој иста како и неговиот брат близнак Војдан имаат договори и за следната сезона, па дефинитивно ќе бидат клучот во остварување на целите, амбиците на „штрковите“.
Покрај нив тука ќе биде и Андреј Андоноски од кого се очекува да блеска и покаже многу повеќе во блиска иднина.
Претходно МЗТ потврди дека предводник останува Васко Атанасов, а воедно најави дека ќе соопшти вести за новите ангажмани, засилување веднаш штом се постигне договор со истите.