понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија: Почина млад скопјанец, познат неговиот идентитет

Трагедија: Почина млад скопјанец, познат неговиот идентитет

На 31.07.2023 во 23:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на ул.„Словенечка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото со скопски ознаки удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје.

По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите.

Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.