На 31.07.2023 во 12:00 часот на улица „106“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(22) од Република Косово, со престој во Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.