сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија „Ауди“ и мопед, скопјанец хоспитализиран на клиника

Се судрија „Ауди“ и мопед, скопјанец хоспитализиран на клиника

На 31.07.2023 во 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ со бул.„Кирил и Методиј“ и бул.„Мајка Тереза“ се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, управувано од И.П.(51) од Скопје и мопед, управуван од Н.С.(26) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.