На 05.08.2023 во 15.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на патот Мавровска крстосница – Дебар, пред Скудрински мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фоксваген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.М.(50)од с.Ростуше и патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(59) од Гостивар.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел астра“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и А.Б.(43) од Гостивар, сопатничка во возилото „опел“, констатирани во Медицински центар Дебар и Медицински центар Гостивар, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Гостивар.