петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Родри: Не планирам да го повторам истото од минатата сезона

Родри: Не планирам да го повторам истото од минатата сезона

Родри беше клучен фактор во тимот на Манчестер Сити минатата сезона и Пеп Гвардиола го издвои како најдобар поединец во историската сезона за „граѓаните“, статус кој го потврди и со постигнатиот гол во големото финале во Лигата на шампионите.Родри самостојно најави дека не планира да игра толкав број на натпревари и во новата натпреварувачка сезона, со што изврши и своевиден притисок врз Гвардиола, од кого бара да врши повеќе ротации на неговата позиција.

– Не се сеќавам точно колку натпревари одиграв минатата сезона, но имав разговори на оваа тема со клубот и со тренерот. Го направив тоа бидејќи таквиот пристап не е здрав за мене.Може да одиграте толку број натпревари една сезона, но две или три во низа, тоа е невозможно. Ќе паднам физички и тоа сигурно нема да биде добро за тимот. Морам да се пазам и да внимавам, невозможно е да повторам таква сезона. Сега се уште сум млад, но ако продолжам така, може да имам проблеми на 30 или 31 година. 60 меча во година не е никако добро за еден играч, – вели Родри.