четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Брујне надвор од терените 3-4 месеци

Де Брујне надвор од терените 3-4 месеци

Фудбалерот на Манчестер сити Кевин де Брујне ќе биде надвор од терените околу четири месеци.

Во натпреварот од 1. коло на Премиер лигата против Барнли (3:0), Белгиецот поради повреда го напушти теренот во 23. минута.

– Повредата е сериозна. Треба да одлучиме дали ќе прави операција, но тој ќе биде надвор од теренот подолго време. Одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена. Ќе пропушти три или четири месеци, изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Де Брујне во петокот го играше само вториот официјален натпревар по финалето на Лигата на шампионите 2022/23, каде беше заменет во 36. минута поради повреда на бутниот мускул.