Кошаркарскиот клуб Партизан се пофали дека е надмината бројката од 30.000 сезонски билети за новата сезона.
Веќе се регистрирани 30.417 навивачи за купување на сезонски билети. Регистрацијата е предуслов за купување билети, а предност при купувањето најпрво ќе имаат сопствениците на сезонски билети од минатата сезона.
Обновата на старите почнува на 28. август, а слободната продажба стартува на 13. септември.
Партизан во новата сезона ќе ја брани титулата во АБА лигата, а за малку остана без Фајнлфор во Евролигата.
Ljubav je naša sve jača i jača i ona raste iz dana u dan!✊🏽🖤🤍#KKPartizan pic.twitter.com/nFQ1mRSD7G
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) August 22, 2023