Португалскиот интернационалец Бернардо Силва го продолжи договорот со Манчестер Сити. Тој потпиша верност до 2026 година.
„Минав шест извонредни години во Манчестер Сити и воодушевен сум што денеска потпишувам нов договор. Освојувањето на тројната круна минатата сезона беше навистина пецијално, возбудливо е да се биде дел од тим со толкава страст и жела за победување“, изјави Бернардо Силва.