Кошаркарскиот клуб Пелистер договори своето прво странско засилување за новата сезона.
Нов член на тимот од Битола е Малколм Бернард, кошаркар од Соединетите Американски Држави, кој игра на крилните позиции.
29-годишниот Американец зад себе има долгогодишно искуство во Европа, а претходно со успеси настапуваше во НЦАА лигата.
Пелистер во претходните денови ги претстави Костоски и Лука Стојановски, а ги продолжи договорите со Сапунџиев и Маслинко.