среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Облачно и нестабилно време со пороен дожд, попладне најави за невреме

Облачно и нестабилно време со пороен дожд, попладне најави за невреме

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. UV=6

Утринските температури ќе се движат од 17 до 23 степени, а дневните од 22 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната дневна температура ќе биде 31 степен.

Најнови вести