петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

„Сè ме боли, а татко ми не дише“: 8-годишно дете викнало полиција по страшна сообраќајка кај Кавадарци (ФОТО)

„Сè ме боли, а татко ми не дише“: 8-годишно дете викнало полиција по страшна сообраќајка кај Кавадарци (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила на патот Дреново- Кавадарци.

Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.

-Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите „гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише“ – пренесе градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.