Полицијата од Битола при претрес во дом и простории денеска пронашла ловечка пушка без дозвола и 33 патрони муниција калибар 16 милиметри.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето Б.Т. кое ги користи просториите е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
– Денеска (06.09) од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен во Ресен и ресенско извршен е претрес во дом и простории кои ги користи Б.Т. (53) од Ресен, извршен со наредба од Основен суд Ресен, во врска со член 396 од КЗ. Имено, при претресот на две локации се пронајдени ловечка пушка без дозвола, како и 33 патрони муниција калибар 16мм, стои во соопштението од МВР.