вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во демиркаписко, пронајдена муниција и алат за изработка – приведени две лица

Претрес во демиркаписко, пронајдена муниција и алат за изработка – приведени две лица

На 08.09.2023 како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино лишени се од слобода Ќ.С.(28)  и И.С.(23) од с. Корешница, демиркаписко.

Имено, во при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле  пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.