недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Седум возила на ЕУЛЕКС стигнаа во Косово, досега упасени осумнина за престрелките во Бањска

ВИДЕО:  Седум возила на ЕУЛЕКС стигнаа во Косово, досега упасени осумнина за престрелките во Бањска

Возилата на ЕУЛЕКС пристигнаа во Косовска Митровица. Порталот KoSSev на социјалните мрежи објави видео од колона возила во моментов паркирани во Митровица. На видеото се прикажани седум џипови на ЕУЛЕКС, објави Нова.рс.

Жителите на Бањска на северот на Косово во неделата наутро пред три часот беа разбудени од истрели, кога дошло до конфликт меѓу локалните Срби и косовските полицајци, при што загинаа четворица Срби и еден полицаец. Рафалите цело утро одекнувале во реонот на селото Бањска, а селаните беа многу исплашени и затворени во своите куќи. По нападот во кој беше убиен албанскиот полицаец Африм Буњаку од селото кај Вучитрна, во областа биле забележани засилени сили на косовската полиција заедно со КФОР, а затворен е и граничниот премин Јариње.

Вкупниот број на Срби уапсени на северот на Косово, за кои се верува дека се со пукањето во селото Бањска се искачи на осум, соопшти денеска косовската полиција, објави Блиц.рс.

Според косовската полиција запленети се две возила, едно оклопно возило, како и едно тешко возило – багер, во кои е пронајден поголем број разновидно оружје.