петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шок за Гвардиола: Се повреди најдобриот фудбалер на Манчестер Сити, го очекува подолга пауза

Шок за Гвардиола: Се повреди најдобриот фудбалер на Манчестер Сити, го очекува подолга пауза

Голем удар за Манчестер сити. Еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на тимот, Кевин Де Брујн доживеа повреда денеска на тренинг и му се заканува повеќемесечна пауза.

Информацијата попладнево на Твитер на објави „City Watch“, а ја потврди и добро известениот белгиски новинар Кристоф Теру. Тие пренесоа дека поради повреда на лигаментите  на коленото, слична на онаа која Кевин ја доживеа на натпреварот против Евертон во јануари 2016-та година.

Тогаш Белгиецот паузираше два месеци, а слична судбина, според некои информации можеби и полоша го чека сега.

Белгиецот во викендот зад нас ги одигра првите минути после Светското првенство и планот на Гвардиола беше постепено да го вклучи во тренажниот процес.