Леброн Џејмс е подготвен за новата сезона во НБА лигата, која ќе биде 21. во неговата кариера.
Првиот пик од драфтот во 2003 година ќе го носи бројот 23 во екипата на Лос Анџелес Лејкерс, тим со кој ќе ја нападне титулата во најсилното клупско кошаркарско натпреварување.
Како што самиот вели, новата сезона му ја посветува на синот Брони, кој во јули доживеа срцев удар за време на тренинг на колеџ.
– Оваа сезона му ја посветувам на Брони поради инцидентот што се случи летово. Тоа става сè во поинаква перспектива. Не е важно што се случува во вашиот живот во тој момент, единственото нешто што е важно е семејството. Гледајќи низ што помина, низ што минуваше овие месеци, тоа е многу, истакна Џејмс.
Брони сè уште не се вратил максимално на кошаркарските тренинзи, додека тимот ја следи неговата здравствена состојба.
-Брони работи исклучително добро. Тој го започна процесот на закрепнување за да се врати на теренот оваа сезона со своите соиграчи од УСЦ (Универзитетот во Јужна Калифорнија). По успешната операција што ја имаше, тој само напредува. Поминавме низ бура од емоции ова лето, но најважно е што сме сите заедно. Се зближивме и му дадовме сила на Брони да го помине целиот процес и среќни сме каде е денес, изјави Леброн.
На помладиот Џејмс му била дијагностицирана вродена срцева мана која најверојатно предизвикала срцев удар, но лекарите очекуваат тој да може да се врати на кошарката.