понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата денеска побара да се запрат нападите во Израел

Папата денеска побара да се запрат нападите во Израел

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, побара денеска „да се запрат нападите“ во Израел, наведувајќи дека „тероризмот и војната не водат до никакво решение“.

„Со страв и тага следам што се случува во Израел. Изразувам солидарност со семејствата на жртвите. Се молам за сите оние кои живеат во ужас и вознемиреност“, рече Папата по традиционалната неделна молитва.

„Ве молам да престанете со нападите и да престанете да користите оружје…Тероризмот и војната не водат до никакво решение, туку носат само смрт и страдање на толку многу невини луѓе…Секоја војна е нов пораз“, додаде тој.

„Се молиме за мир во Израел и во Палестина“, заклучи Папата, кој конкретно не ги спомна ниту Појасот Газа ниту Хамас.