среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка близу „Ќафасан“ попладнево: Се судриле три возила, четири Македонки со повреди завршија во болница

Тешка сообраќајка близу „Ќафасан“ попладнево: Се судриле три возила, четири Македонки со повреди завршија во болница

Во сообраќајка која попладнево се случила во близина граничниот премин „Ќафасан“, на македонско- албанската граница, од албанска страна, повредени се најмалку четири македонски државјанки.

Повредени се четири жени, кои веднаш биле пренесени на лекување во болницата во градот Либражд, пренесуваат албанските медиуми.

Според албанската полиција, несреќата се случила во момент кога се судриле три возила, а како причина за истата се наведуваат лошите временски услови.