И во оваа натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација продолжува со практиката да биде помагател на активностите на клубовите
Во таа насока, во наредниот период, клубовите од Првата лига-мажи ќе бидат помогнати со одреден број на кошаркарски топки од компанијата „Молтен“, сертифицирани од страна на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Согласно со тоа, во продолжението од натпреварувачката сезона 2023/24, натпреварите во нашата најквалитетна лига ќе се играат токму со светски признатиот реквизит на еден од најдобрите производители на кошаркарски топки во светот.